Грција со жалба до УЕФА за македонскиот дрес!

На само неколку часа пред почетокот на Европското првенство нашиот јужен сосед упатил жалба до УЕФА за македонскиот дрес, објави грчкиот весник ‘Катимерини’.

Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис се буни за логото на ФФМ на дресовите, односно кратенката „Фудбалска федерација на Македонија“, бидејќи истата ја нема придавката „северна“, што е спорно според Преспанскиот договор.

Писмо со жалба стигнало и до македонската власт откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испратил допис до македонскиот колега Бујар Османи.

Се вчитува...