Хајдук ги распродаде сите билети за дуелот со ПАОК во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции за помалку од четири часа, објавуваат хрватските медиуми. Тоа ќе биде прв европски натпревар за сплитските „бели“, а навивачите уште од утрово чекаа ред пред стадионот за да набават влезници.
Дуелот се игра на 10. август во 21 часот на „Пољуд“, кој ќе биде преполн, а грчки ПАОК ќе има тешка задача во обидот да стигне до плеј-офот на ова натпреварување. Воедно, тоа е дерби на 3. коло во ова европско натпреварување.
Хајдук ќе има поддршка од повеќе од 27.000 гледачи. Хајдук може да има и повеќе свои симпатизери, ако УЕФА донесе забрана за патување на грчки навивачи, тогаш ќе го продаде и гостинскиот дел за своите фанови. Продажбата на тие билети ќе се случи утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА