Грчкиот милионер, Евенгелос Маринакис (50), сопственик на фудбалскиот клуб Олимпијакос и 27 други бизнисмени и поранешни спортски работници ќе бидат на сослушување под обвинение дека местеле натпревари.
Судот му наложи на Маринакис да се појави на судењето, но датумот се уште не е одреден. Маринакис во јавноста ги негирал сите обвиненија, но тоа ќе мора да го докаже и на суд.
Освен Марикнакис, во овој случај под обвинение се неколку акционери и поранешни и актуелни раководни лица во неколку грчки клубови, какмо и еден судија и едно официјално од Фудбалската федерација на Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА