Грците минути ги делеа од победа над Холандија, Португалија со победа го започна животот без Роналдо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Грција минути ги делеа од трета победа во годинешното издание на Лигата на нации. На стадионот „Тумба“ во Солун, Грција и Холандија одиграа 2:2, иако Грците имаа водство од 2:0, но без победата останаа во финишот од натпреварот.

 

Greece [1] – 0 Netherlands – Fotis Ioannidis 23′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

 

Грците тргнаа фуриозно против „Лалињата“ и во 13-та минута постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд.

 

Greece [2] – 0 Netherlands – Giorgos Masouras 45+2′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

Но, десет минути подоцна „Тумба“ еруптира откако Јоанидис го совлада Вербруген. Во последните моменти од првиот дел, Масурас погоди за 2:0.

 

Greece 2 – [1] Netherlands – Virgil van Dijk 59′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

 

Во вториот дел, Холанѓаните тргнаа на се или ништо и тоа им се исплатеше. Прво Ван Дајк во 59-та минута погоди за 2:1, а во 89-та минута Рејндерс погоди за 2:2.

 

Greece 2 – [2] Netherlands – Tijjani Reijnders 89′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

 

Германија ја оствари првата победа во Лигата на нации откако со 2:0 ја совлада Србија на „Алијанц“ Арената.
Бишоф во 39 минута го отвори резултатот, а Вирц во вториот дел ја завери победата.

Португалија по вистинската бура која се случи вчера со напуштањето на репрезентацијата на Кристијано Роналдо, вечерва славеше со 2:4 во Копенхаген над Данска.

Жоао Кансело го отвори резултатот во 13-та минута, но десет минути подоцна Дамсгард погоди за 1:1.

Човекот поради кој Роналдо се налути и ја напушти репрезентацијата, Гонзало Рамос во 25-та минута повторно и донесе водство на Португалија.
Во вториот дел, Данците преку Хојлунд израмнија во 53-та минута. Победата на Португалија и ја донесоа Витиња со голот во 67-та и Жоао Феликс во 87-та минута.

Велс со 2:1 ја совлада Норвешка, додека во Б дивизијата од Лигата на нации, двата натпревари завршија без победик, Република Ирска и Австрија ремизираа 2:2, додека Израел и Косово одиграа без голови.

Се вчитува...