Грците моќно против Хрватска за место на Олимписките игри во Париз!

Грција ќе игра на Летните олимписки игри во Париз откако во финалето на квалификацискиот турнир во Пиреја славеше против Хрватска со 80-69.

Грците беа подобар противник од Хрватите сосема заслужено изборувајќи се за настап на Олимпските игри, одигрувајќи целосно одличен турнир.

Само првата четвртина беше израмнета (22-22) на денешниот дуел, а потоа Грција имаше тотална контрола на мечот.

НБА ѕвездата, Јанис Адедукумбо со 23 поени и осум скока беше најдобар поединец кај Грците, а Папајанис дополни со 19 поени. Кај Хрватска се издвои Зубац со 19 поени и 13 скока, а Дрежњак и Марио Хезоња постигнаа по 15 поени.

Се вчитува...