Грците најуспешни на „Охрид СУП-Кросинг 2025“ (ВИДЕО)

Оваа година по петти пат успешно успешно се одржа јубилејното издание на „Охрид СУП Кросинг 2025“.

Со 125 учесници од 19 различни земји, повеќе од успешно се заокружи традиционалната СУП-трка која се повеќе го привлекува вниманието во Македонија.

Грците беа апсолутни победници во професионалната трка од 23 километри. Кај мажите оваа година победи веслачот Никитас Цанакис (2 часа и 26 минути) кој постави нов рекорд на оваа дистанца, а кај девојките пак победи Раула Пападимитриу (3 часа и 8 минути). Во трката со даски на дување најбрзо време кај мажите имаше Руди Ван Хевен од Австрија (3 часа и 7 минути) а најбрза кај жените воедно и нов рекордер е Ангела Кер од Англија која го сруши претходниот рекорд со импресивно време од 3 часа и 14 минути.

Оваа година за прв пат настанот се одвиваше во два дена вклучувајки и нова трка додадена во тркачкиот формат начена Техничка трка. Во оваа трка елитните веслачи од правилен аспект го претставуваат овој спорт на публиката пред легендарниот хотел Бисер во манастирскиот комплекс Калишта крај Струга.

Се вчитува...