Грците во „5 до 12“ останаа без уште еден кошаркар, доживеал скршеница на тренинг

Кошаркаската репрезентација на Грција имаше големи надежи ова лето на Мундобаскетот кој се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини. На турнирот заминаа значително ослабени без услугите на Јанис Адетокумбо, а од составот отпадна и Констатинос Митоглу.

Митоглу беше еден од најважните играчи за оваа репрезентација, но се повреди во „5 до 12“ и ќе го пропушти Мундијалот.

Играчот се повреди на еден од последните тренинзи. Станува збор за скршеница на малиот прст на левата рака, и тој ќе го пропушти целиот турнир. Ова го потврди и кошаркарскиот сојуз на Грција.

За да биде ситуацијата полоша, списокот е веќе затворен, така што останува нашиот јужен сосед да остане со 11 играчи. Грција е во групата со САД, Јордан и Нов Зеланд.

Се вчитува...