Грците плачат: Менувањето на името на КФСМ е прекршување на Преспанскиот договор

‘Одлуката на новото раководство на КФСМ за почнување на постапка за бришење на „Северна“ од името на нашата куќа на кошарката наиде на максимално позитивни реакции во македонската јавност, ако се знае дека КФСМ е единствената од поголемите спортски федерации што го промени името на државата во својот назив.

Новиот претседател Томица Главчев и неговите најблиски соработници како една од првите конкретни одлуки го покренаа и ова прашање, потег со кој (не)очекувано покренаа реакции и кај нашиот јужен сосед.

Имено, грчките медиуми денеска ја пренесуваат одлуката на УО на федерацијата, жалејќи се дека мора да следи реакција бидејќи станува збор за прекршување на „Преспанскиот договор“ меѓу двете земји.

„Федерацијата на Северна Македонија го менува името во Македонска, што може да предизвика реакции. Како што е објавено од федерацијата на државата, новиот претседател Томе Главчев дал предлог за промена на името на федерацијата во „Македонска Кошаркарска Федерација“ или „Национална Кошаркарска Федерација“. Бордот на директори се согласил на промена на името во „Македонска Кошаркарска Федерација“, што ккрева сомнежи околу евентуалното прекршување на Преспанскиот договор. Во минатото, Македонската Кошаркарска Федерација под водство на Перо Антиќ беше преименувана во Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, но работите се променија. Останува да се види реакцијата“, пишуваат грчките медиуми на оваа тема.

Се вчитува...