На покана на Фудбалската федерација на Грција, а во договор со Фудбалската федерација на Македонија, најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе го суди дербито од плеј-офот во Првата лига на Грција меѓу Арис и Панатинаикос кој ќе се одигра на 7. април во Солун.
На Ставрев ќе му помагаат Гоце Петрески и Дејан Костадинов. Во плеј-офот во првенството на Првата лига на Грција учествуваат шест првопласирани екипи. Во моментов Панатенаикос е трет, Арис шести.
Барањето за судии од Македонија е во насока за поголемо регуларност во грчкиот шампионат.
Ова е вторпат како судиска тројка од Македонија ќе суди натпревар во првенството на Првата лига на нашиот сосед. Пред неколку години, Ставрев, Петрески и Костадинов го судеа мечот меѓу ПАОК и Олимпијакос / 2-0/.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА