Грчките медиуми и натаму јавуваат за трагедијата која се случила ноќеска во Атина, кога еден навивач на АЕК го загуби животот по жестоката пресметка со навивачката група на Динамо Загреб, која самоиницијативно отпатувала во Атина, со оглед дека немаше организирано патување поради забраната од УЕФА.
И натаму пристигнуваат информации околу тепачката. Според хрватските медиуми, можно е грчки државјанин да бил убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, но според грчките медиуми, 19-годишен Хрват е главен осомничен.
Се уште се чекаат офифицијални информации, а во Грција веќе е почната петиција за исфрлање на Динамо од Европа. Во петицијата се порачува Динамо да се казни поради ова злосторство.
„Ја повикуваме УЕФА да преземе конкретни чекори и да им забрани на Динамо Загреб учество во УЕФА натпреварувањата за оваа сезона, и да почне целосна истрага за никогаш повеќе да не се случи ваков инцидент“, пишува на петицијата.
Ban Dinamo Zagreb from European Competitions – UEFA Champions League – Sign the Petition! https://t.co/xRHOuXNbuC via @UKChange #AEKfc
— PEDRO‼️ (@PictonPedro) August 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА