Ден по одигрувањето на евролигашкиот натпревар помеѓу Фенербахче и Панатинаикос, грчкиот клуб испратил официјална жалба до Евролигата за однесувањето на навивачите на турскиот тим и нивното истакнување на знамето на Северен Кипар.
Помеѓу Грција и Турција владее повеќедецениски спор за островот Кипар кој е поделен на два дела – северен и јужен со мнозинство на Турци, односно Грци. Северниот дел на островот прогласи и независност која е призната само од страна на Турција.
Северен Кипар има и свое знаме кое беше истакнато зад записничката маса, што претставува проблем за грчкиот тим.
🚨 Panathinaikos, dünkü Fenerbahçe maçında Yunanistan’ın bir devlet olarak tanımadığı Kuzey Kıbrıs’ın bayrağının asılması nedeniyle EuroLeague’e şikayette bulunarak Yunan makamlarını bilgilendirdi.
(🔗 BasketNews) pic.twitter.com/3kdoWmBkOS
— Souvess (@souvess) October 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА