Раководството на АЕК попладнево преку соопштение испрати порака до своите навивачи, доколку немаат билет за реваншот со Алкалоид да не доаѓаат пред салата „Борис Трајковски“.
Како што претходно беше најавено и од страна на македонскиот тим, Грците ќе имаат 200 билети за навивачите да им дадат поддршка во Скопје, а управата на АЕК порача дека оние кои немаат влезници за мечот не треба да доаѓаат блиску до салата, бидејќи тоа нема да биде безбедно.
„АЕК би сакал да ги информира своите навивачи дека на денешниот официјален состнаок и покрај барањето за што повеќе билети, локалните власти решија да добиеме 200 влезници. Затоа, на нашите навивачи кои немаат билет ќе им биде забранет пристап во околина на салата, бидејќи тоа ќе биде многу опасно за нивната безбедност“, се вели во соопштението на АЕК.
Алкалоид како домаќин на овој натпревар во неколку наврати апелираше на спортска атмосфера, битката да се води на терен и да не се паѓа на провокации при обидот Грците да направат инцидент, како што тоа впрочем беше случај и на првиот натпревар во Атина, кога со тврд предмет од трибините беше погоден Дамјан Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

