Грчката ракометна федерација подготвува специјални безбедносни мерки за квалификацискиот натпревар против Македонија кој во недела од 18 часот се игра во Кожани.
Како што информираат Грците, деновиве веќе интензивно течат подготовките за натпреварот во недела…
„Секако, желбата е натпреварот да се организира на највисоко можно ниво. Не оставајќи ништо на случајот одржани се бројни состаноци и со подрачната полициска постава од Кожани но и со високи функционери на Министерството за внатрешни работи. Донесени се неколку одлуки за поголема безбедност пред, за време и по натпреварот. Предвиден е специјален сообраќаен режим и во Кожани три часа пред почетокот на дуелот. Нема да бидат пуштени билети во слободна продажба, а сите присутни во салата ќе се со специјални покани и акредитации. Вратите на салата во Кожани ќе бидат отворени еден час и половина пред почетокот на натпреварот“ – информираат од Грчката ракометна федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА