Шпанија и Португалија се наоѓаат на делба на првото место во оваа група со по четири бода, пред Иран со три и веќе испаднатиот состав на Мароко, кој не освои ниту еден бод во првите три кола.
Иранците важеа за аутсајдери во групата, но азиската селекција сепак има шанси се чудо во последното коло против Португалија да стигне и до осминафиналето. Како главен адут оваа репрезентација го има селекторот Карлос Квеирош, кој своевремено беше и кормилар на Португалија, па добро ги познава квалитетите на денешниот ривал. Математички гледано, Иран би можел во полуфинале и со реми, но за тоа да се случи Шпанија ќе треба да загуби со најмалку два разлика во својот дуел со Мароко, за што шансите реално се минимални.
„Португалија е исклучително моќна репрезентација, еден од кандидатите за освојување на титулата. Мораме да бидеме реални, знаеме кој е кој, но ние ќе се бориме од првата до последната минута, желни да го исполниме сонот на целата нација“ – изјави Квеирош во пресрет на денешниот натпревар.
Иран по традиција лошо минува на дуелите со европските репрезентации на мундијалите, каде има едно реми и шест порази, а единствениот бод го освои во 1978 година против Шкотска.
Португалија на ова СП е предводена од Кристијано Роналдо, кој со четири погодоци моментно е втор стрелец на мундијалот. Тој ќе биде главен адут и на вечерашниот меч, на кој селекторот Сантош нема никакви проблеми околу казнети и повредени играчи. Роналдо досега има дадено гол против Иран на мундијалите, и тоа во 2006 година при триумфот од 2-0 во кој стрелец беше и Деко.
Шпанија важи за голем фаворит на дуелот со Мароко, но не смее да се заборави дека Мароканците одиграа одлично на првите две средби, на кои немаа спортска среќа, па претрпеа минимални пораз од 0-1 и од Иран и од Португалија. Оваа африканска селекција повторно ќе игра офанзивно, а со тоа ќе отвори и повеќе простор за одличните шпански репрезентативци.
„Свесни сме дека противникот знае да биде многу незгоден. Отпишаните репрезентации немаат што да загубат, затоа ние мораме да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути“ – истакна Фернандо Јеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА