Групната фаза на овој Мундијал со повеќе фанови отколку во Русија 2018 година

ФИФА соопшти дека натпреварите од групната фаза на Светското првенство во Катар, ги гледале 2,45 милиони гледачи, или во однос на претходниот Мундијал во Русија, тоа е повеќе за 280.000 гледачи. Натпреварите во групната фаза на минатото СП ги следеле 2,17 милиони гледачи.

Исто така ФИФА објави дека „Фан фестивалот“ бил посетен од повеќе од 1 милион навивачи.

Најгледан дуел на досегашното СП бил Аргентина – Мексико 2-0, дуел кој бил следен од 88.966 навивачи.

Се вчитува...