Групната фаза во ЛШ замина во историјата!

Во ноември 1991 година, за првпат се одигра групна фаза во Лигата на шампионите, која почнуваше после две нокаут-рунди, а после нив двете најдобри екипи од групите играа во финалето. Година подоцна најелитното клупско европско натпреварување доживеа голема реконструкција, „родена“ е групната фаза, во која овој декември, три децении подоцна замина во историјата.

Синоќа расплет доби „групата на смртта“ во која Борусија Дортмунд изненадувачки заврши пред ПСЖ, Милан и Њукасл.

Од следната сезона ова натпреварување ќе биде како кошаркарската евролига, со 36 екипи во една голема група. После нејзе, осум екипи директно ќе обезбедат пласман во 1/8 финалето, додека пресотанатите осум ќе бидат познати после плеј-оф натпреварите на екипите кои ќе завршат од 9 до 24 место на табелата.

Овој таканеречен „швајцарски формат“ ќе донесе повеќе натпревари, но и помалку возбудувања, драма… Во изминатите 32 години оваа групна фаза донезе многу возбудувања, а сега е време за нов формат.

Се вчитува...