Брегалница продолжува со засилувањата за новата сезона, сериозно подновувајќи го играчкиот кадар во очекување на новите прволигашки предизвици. Пред потпис за штипјани е и Грузиецот Лука Робакидзе.
23-годишниот Робакидзе, кој игра во офанзивниот среден ред, доаѓа од редовите на грузискиот Шукура, а претходно има настапувано и за Самтредиа во домашниот шампионат, како и за екипата на Таборско во Чешка.
Грузискиот фудбалер изминативе денови веќе се приклучи на екипата на Брегалница, а се очекува деновиве и официјално да стави потпис на договор со „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА