Грузија ја испиша најубавата приказна на ЕП, со нив во осминафиналето и Португалија и Турција (ВИДЕО)

Дебитантот на Европските првенства Грузија испиша историја откако се пласираше во нокаут фазата по победата над Португалија од 2-0 во меч од последното коло во групата Ф на шампионатот во Германија. Водство од 1-0  за храбрите Грузијци донесе Квича Квараскелија уште во 2. минута од натпреварот. Конечните 2-0 беа дело на Ѓоргес Микуатидзе во 57. минута од пенал.

Турција ja совлада Чешка со 2-1 што беше доволно да го задржи второто место во Ф сегментот. Бројчаната предност која ја имаа на теренот Турците уште од 20. минута по исклучувањето на Барак, ја материјализираа во 51. минута со голот на фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу. На 1-1 израмни Томаш Соучек во 66. минута по една крајно сомнителна ситуација, додека конечните 2-1 беа дело на Тосун во 94. минута.

 

Се вчитува...