После првата одлична партија и победата над Украина, репрезентацијата на Албанија на домашен терен во Тирана загуби од селекцијата на Грузија, која е во страшен подем на резултати.
Грузијците ја однесоа победата благодарние на спектакуларниот гол на Гиорги Кочорашвили. Грузискиот играч откако мина неколку албански играчи, од 25 метри испрати „топовски“ удар, а топката од пречката заврши во мрежата на домаќинот. Гол кој сигурно ќе биде во конкуренција за наградата „Пушкаш“ која секоја година се доделува за најубав погодок.
Голот може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА