Грузија ѝ нанесе хаварија на Ерменија и ја испрати во Ц сегментот во Лигата на Нации

Репрезентацијата на Грузија останува во Б сегментот во Лигата на Нации, откако на реваншот ја демолираше Ерменија со 6-1, и така со вкупни 9-1, избори опстанок во својот сегмент.

Практично, реваншот беше само потврда на квалитетот на Грузијците, кои првиот меч во Ереван го добија со 0-3. Сега на реваншот во Тбилиси, пред повеќе од 50 илјади гледачи, Грузијците дадоа шест гола.

Уште на полувремето беше 5-0 со автоголот на Харојан, а потоа погодија два пати Микаудатзе, и по еднаш Чакветадзе и Китаишвили. Севикјан намали на 5-1, а Кварацхелија во 63. минута ги постигна конечните 6-1.

Се вчитува...