Грузија не чека во финалето од Лигата на нациите…, но најпрво триумф против Косово

Македонската репрезентација ќе игра против Грузија во финалето на Лигата на нациите за пласман на ЕП следната година, се разбира доколку најпрво вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје слави против селекцијата на Косово.

Во првата полуфинална пресметка од Д лигата на нациите, Грузија ја победи Белорусија со 1-0. Стрелец на единствениот погодок за Грузијците на натпреварот на „Динамо арена“ во Тбилиси беше Окриашвили од пенал, уште во 7. минута од средбата.

Финалето од Лигата на нациите ќе се игра наредниот месеци на „Динамо арена“ во Тбилиси.

Се вчитува...