Грузија не им простува на соседите, како Македонија – „Петарда“ за Бугарија во Разград (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Грузија стигна до втората победа во новата сезона од Лигата на нации откако славеше на гостувњето кај Бугарија со убедливи 2-5. За разлика од нас, Грузијците не изгубија два бода кај очајната репрезентација на Бугарија, која се гледа дека е во голема криза.

Грузијците брзо стигнаа до водство од 0-1 со голот на Давиташвили во 4. минута, а до крајот на првиот дел беше 0-2 по автоголот на Христов. Бугарите намалија на 1-2 во 50. минута преку Илиев, а само две минути подоцна гостите повторно стигнаа до предност од два гола (1-3) со погодокот на Зивзиадѕе. Кваратшкелија од пенал во 58. зголеми на 1-4. Со голот на Вако во 70. минута веќе беше 1-5 за гостите, додека конечните 2-5 ги постави Стефанов во 83. минута. Гостите можеа да стигнат и до поубедлив триумф, но Квеквешкири не усепа да реализира пенал во 94. минута.

Со овој триумф Грузија изби на првото место во 4. група во Ц лигата со два бода повеќе од Македонија, пред меѓусебниот дуел кој ќе се одигра на „Тодор Проески“ во четврток.

Петтиот гол на Грузија можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...