Грузија поведе, па Родри ја врати Шпанија во живот (ВИДЕО)

Шпанија и Грузија играат 1-1 на полувреме во осминафиналето на Европското првенство во Германија. Грузијците по својата прва шанса по одлично истрчена контра поведоа со 0-1 со автоголот на Ле Норманд.

До крајот на првиот дел Шпанија успеа да израмни на 1-1 преку Родри во 39. минута. За потсетување победникот од овој меч во четвртфиналето ќе игра против Германија. Првиот четвртфинален пар го сочинуваат Швајцарија и Англија.

Се вчитува...