Фудбалската репрезентација на Македонија во четврток на домашен терен ќе ја пречека Летонија во натпревар од 5. коло од новата сезона во Лигата на нации.
Денеска Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги именуваше судиите за овој меч. Судиска четворка од Грузија предводена од Гога Кикачеишвили ќе биде на центарот на арената „Тодор Проески“.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија кој е закажан за в четврток е со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА