Грузијците ќе добијат 10 милиони евра, а ги чека уште толку ако ја елиминираат Шпанија

Поранешниот премиер на Грузија, Биџина Иванишвили вети дека ќе им даде 10 милиони евра на репрезентативците како премија, откако ја победија селекцијата на Португалија на ЕВРО 2024 година, и така обезбедија место во 1/8 финалето.

Грузија со победата над Португалија од 2-0, обезбедија место во 1/8 финалето, што претставува најголемо изненадување на турнирот.

Иванишвили е познат како најбогатиот Грузиец на светот. Во 2012 година освноваше политичка партија, и стана премиер. Само година дена беше на функцијата, но и натаму е влијателен во оваа земја.

Грузија во недела во 21 часот ќе игра против Шпанија, а Иванишвили им ветил уште 10 милиони евра ако успеат да направат чудо и ја елиминираат и Шпанија.

Се вчитува...