Грузијците немаа сили за изненадување: Два евро-гола за триумф на Турција во Дортмунд (ВИДЕО)

Турција ја запиша првата победа на ЕВРО 2024 триумфирајќи со 3-1 против Грузија во 1. коло од Групата Ф.

Турците поведоа благодарение на феноменалниот погодок на Мерт Мулдур во 25. минута.

Мулдур извонредно од 18 метри зафати со волеј една одбиена топка, и ја смести под гредата од голот на Грузијците.

Турците во 27. минута, постигнаа и втор погодок преку Јилдиз, но беше поништен по ВАР-интервенција поради офсајд позиција.

Па, потоа следеше тотална доминација на Грузијците до крајот на првото полувреме. Сето тоа резултираше со израмнување на резултатот на 1-1 во 32. минута, кога Микаутадзе го постигна историскиот прв гол за Грузија на европските првенства.

Сепак, во второто полувреме нов евро-гол на Турците преку Ѓулер во 65. минута за предност од 2-1.

Кога Грузијците се впуштија на се или ништо во обидот за израмнување, преку контрнапад и гол на Актуркоглу во 97. минута, Турција го заокружи триумфот на 3-1.

Се вчитува...