Грузискиот голман се сели во Премиерлигата

Грузискиот голман и моментално член на Валенсија, Горги Мамардашвили, може да се пресели во Премиерлигата. Лестер по заминувањето на Каспер Шмајхел е во потрага по голман, а наводно изборот паднал на Мамардашвили кој „блеска“ во Ла Лига.

Англискиот клуб веќе ги воспоставил првите контакти за ангажман на голманот на лето, но прво „лисиците“ мора да опстанат. Агентот на голманот е во Лондон и наскоро се очекуваат повеќе детали.

Мамардашвили сезонава има 27 настапи за Валенсија во Примера. Има пет чисти мрежи.

Се вчитува...