Гудељ: Србија не дојде во Германија само да учествува, можеме да ја победиме Англија

Српскиот репрезентативец Немања Гудељ, прв се обрати од играчите на Србија на прес-конференцијата денеска пред настапот на Европското првенство, и првиот дуел со Англија во Гелзенкирхен.

Фудбалерот на Севилја рече дека екипа која има тактичка дисциплина, може да победи било кого, а доказ е Исланд против Англија.

„Тоа е голем натпревар за нас, за двете селекции. На Европското првенство секој натпревар е голем, а ова е прв. Англија е подготвена, мислам дека најважно е што дојдовме да покажеме дека заслуживме да бидеме тука. Првиот натпревар е одлична можност да покажеме што сакаме да направиме на овој турнир. Ако одиграме како што се бара од нас, можеме да победиме секого. Тоа може да биде тесен натпревар натпревар, но може да биде и отворен натпревар. Страв нема, има само тензија. Но, не се плашиме од никого. Англија е одличен тим, и тие тука дојдоа да го освојат првенството. Научивме многу од минатото Светско првенство, и мислам дека не треба да мислиме  дека дојдовме тука само да учествуваме, туку и да направиме успех“, рече Гудељ.

Се вчитува...