Манчестер сити е освојувач на Суперкупот на УЕФА откако во финалето кое се играше на арената „Караискаки“ во Атина по изведување на пенали славеше над Севилја со (5-4).
Откако мрежите мируваа во првите 25 минути игра, освојувачот на Лигата на Европа стигна до водство од 1-0 со погодокот на мароканскиот репрезентативец Ен Незири кој по центаршутот на Акуња успеа да го натскока Јошко Гвардиол во 25. минута.
Андалузијците долго време одолеваа на притисокот на актуелниот европски шампион, но сепак избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да израмнат преку младиот Палмер во 63. минута.
До крајот мируваа мрежите, па победникот во годинашниот Суперкуп се одлучуваше со изведување на пенали. Таму трагичар беше српскиот репрезентативец Немања Гудељ кој во петтата серија промаши пенал и со тоа му го донесе првиот трофеј на Сити во Суперкупот.
Manchester City 0 – [1] Sevilla – Youssef En-Nesyri 25'
byu/PSGCampus insoccer
Manchester City [1] – 1 Sevilla – Cole Palmer 63'
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

