Бесар Гуџуфи, некогашниот голем талент на македонскиот фудбал кој своевреме заврши и во Бешикташ, е нов фудбалер на Партизани Тирана. Офанзивниот крилен фудбалер после само пет месеци откако беше откупен од страна на чаирскиот тим, повторно заминува во странство.
Гуџуфи во 12 меча во есенскиот дел од сезоната, и еден постигнат гол против Вардар, си замина од Шкупи. Во минатото беше дел од младинските екипи на Вардар, и во Беласица, од каде замина во Бешикташ.
Партизани веќе му посака добродојде на Гуџуфи, кој во новиот тим ќе го носи дресот со број 99. Со албанскиот тим потпиша договор до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА