Гуџуфи потпиша професионален договор со Бешикташ

Екипата на Бешикташ објави дека потпишала професионален договор со македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи (18). Со тоа се отстранети сите пречки околу неговиот настап за сениорскиот тим на „црно-белите“ од Истанбул. До сега Гуџуфи играше за младите селекции на Бешикташ.

Гуџуфи во минатото беш дел од Вардар, а потоа и во Беласица од каде замина во турскиот гигант.

„Бешикташ потпиша професионален договор со македонскиот играч за врска Бесар Гуџуфи, роден 2004 година. Бешикташ, нашиот генерален директор и спортски директор Џејхун Казанџи му посакуваат успех на Гуџуфи“, се вели во соопштението на Бешикташ.

Се вчитува...