Гудјонсен: Знаете ли кое е најслатко бричење? Во отсјајот на пехарот од Премиер – лигата

Исланѓанецот Еидур Гусјонсен, кој сега е асистент во националната селекција до 21 година, се потсети на периодот кога го носеше дресот на Челси. Тој шест години беше на „Стемфорд бриџ“ и освои две шампионски титули во Премиер – лигата, во 2005 и во 2006 година. Во моментите на самоизолација, пронајде фотографија од пред деценија и пол, како се бричи во отсјајот на пехарот.

„Знаете ли кое е најслатко бричење? Во отсјајот на пехарот од Премиер – лигата“, истакна Гудјонсен.

Тој играше и за Барселона, Монако, Болтон, ПСВ, Фулам, Клуб Бриж, а кариерата ја заврши во Молде во 2016 година.

Се вчитува...