Тренерот на данска Фредериција, Гудмундур Гудмундсон не штеди пофални зборови за феноменалната атмосфера која навивачите на Пелистер ја создаваат во Лигата на ракометните европски шампиони.
Пред гостувањето на Фредериција во Битола во 8. коло од ЛШ, Гудмундсон вели дека знае дека ќе биде тешко, пред се поради „пеколот“ кој го создаваат извонредните домашни навивачи, но знае и дека неговата екипа доаѓа со желба за реванш за поразот во Данска.
„Дефинитивно нашите мисли сега се единствено за одмазда против македонскиот клуб. Сакаме реванш за поразот на домашен терен. Ова е противник е познат поради застрашувачката атмосфера во салата која ја создаваат навивачи, но ние сме учени и веќе сме имале импресивни настапи во неколку такви арени во Лигата на шампионите“ – вели Гудмундсон.
По освоените три бода во Данска, „пелистерци“ сега, без сомнение, ќе ја имаат максималната поддршка од навивачите во преполаната сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА