Гудмундсон: Пелистер не беше којзнае како доминантен, нашата лоша игра пресуди

Ракометарите на Е. Пелистер ја запишаа првата победа во Лигата на шампионите откако се игра во новиот формат низ своите настапи последниве две сезони.

„Пелистерци“ сосема заслужено славеа на гости против данскиот вицешампион, Фредериција која не можеше да парира во второто полувреме на големата борба на ракометарите на македонскиот шампион на терен. Токму поради тоа тренерот на Фредериција, Гудмундур Гудмундсон не ја криеше разочараноста од изданието на неговите ракометари.

„Ова е разочарувачко. Не покажавме ниво на интензитет и фокусираност потребни за овој натпревар. Пелистер одигра солиден натпревар, но не беше доминантен. Ние им олеснивме во клучните моменти со лошата игра. Во иднина мора да бидеме подобри и подисциплирани доколку сакаме резултат во европската елита. На ваков начин не се добиваат натпревари во Лигата на шампионите“ – истакна Гудмундсон.

Се вчитува...