Гудмундур Гудмундсон се враќа на селекторската функција во машката ракометна репрезентација на Исланд. Тој на исландската клупа ќе го замени Геир Свеинсон кој беше селектор на Исланд од април 2016 година. Смената доаѓа по лошиот настап на Исланѓаните на ЕП во Хрватска на кое испaднаа уште по првиот круг.
Гудмундсон е еден од најуспшените исландски тренери. Под негово водство Исланд го постигна најголемиот успех освојувајќи го сребрениот медал на ОИ 2008 во Пекинг. Тој сега по трет пат ќе седне на клупата на исландската репрезентација која претходно ја предводеше двапати во периодот од 2001 до 2004 и од 2008 до 2012.
Во периодот од 2012 до 2018, Гудмундсон беше селектор на Данска со која стигна до златниот медал на ОИ 2016 во Рио. Исланѓанецот имаше успешна селекторска епизода и на клупата на Бахреин со која освои сребро на Азискиот шампионат.
Прв предизвик за Гудмундсон во неговото трето враќање на клупата на Исланд ќе биде јунскиот бараж за пласман на СП 2019 во кој за противник ја има селекцијата на Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА