Гудуриќ е прескап за Панатинаикос, Црвена Звезда игра на картата „љубов“

Договорот на Марко Гудуриќ со Фенербахче завршува со крајот на сезоната по што останува неизвесно дали воопшто ќе ја менува средината и која ќе биде следната дестинација на српскиот репрезентативец кој имаше огромен учинок во финалето од Евролигата, носејќи му титула на турскиот тим.

За Гудуриќ постои голем интерес од Панатинаикос, но финансиските услови кои ги поставил 30-годишниот бек биле преголем залак за грчкиот великан па доскорешниот евролигашки шампион веднаш се повлекол од преговорите.

Србинот остануваа „мета“ на  Олимпија Милано и Црвена Звезда која се надева дека ќе ја избере љубовта кон клубот пред парите, но пред „црвено-белите“ за него приоритет останува Фенербахче каде Гудуриќ настапува од 2020 година.

Се вчитува...