Српскиот кошаркар Марко Гудуриќ е на пресвртница во кариерата. Откако се истакна во дресот на Фенербахче и гордо го носеше епитетот најдобар играч на финалето на Евролигата во Абу Даби, леворакиот бек од Прибој се најде во центарот на вниманието на европскиот кошаркарски пазар.
Со победата на елитното континентално натпреварување, Гудуриќ ја круниса сезоната во својот живот, а успешното минатото лето со репрезентацијата на Србија на Олимписките игри во Париз дополнително ја подвлече неговата исклучителна форма.
Според италијанските медиуми, АрманиМилано сериозно влегол во трката за потписот на српскиот репрезентативец, а Еторе Месина и раководството на италијанскиот гигант се решени да доведат играч кој може да направи разлика.
Како што пренесуваат медиумите од Апенините, „манекените“ имаат веќе преддоговор и со еден од најдобрите кошаркари на Олимпиакос, Никола Милутинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

