Пелистер и официјално ги промовираше најновите засилувања Даниел Ѓорѓески и Александар Гуглета.
И двајцата се со големо ракометно икуство повеќе од значајни за тимот за продолжението на сезоната, играјќи покрај во македонското првенство и во СЕХА лигата и Лигата на шампиони .
Во текот на вчерашниот ден тие го имаа првиот тренинг и запознавањето со соиграчите.
„Среќни сме што сме во клуб како Пелистер со огромна традиција. Одлично сме примени од соиграчите, па искрено веруваме дека ќе му помогнеме на тимот да ги реализира своите амбиции“ – истакнаа Гуглета и Ѓорѓески на вчерашната промоција.
Веќе денеска, и двајцата, ги очекува гостување во Радовиш и нивно деби во зелено-белиот дрес .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА