Њукасл Јунајтед и Лестер ремизираа без голови во 37. коло од Премиерлигата во натпреварот кој го одбележа неверојатното промашување на Бруно Гуимараеш од пола метро.
Бразилецот во 73. минута имаше неверојатна шанса да донесе предност за својот тим, но по нафрлувањето од корнер наместо во мрежата топката ја заби во стативата.
Newcastle vs Leicester – Guimaraes incredible miss . 71’
by u/Sal21G in soccer
Бодот на денешниот натпревар е од големо значење за домаќините кои осигураа место во Лигата на Шампиони, но и за гостите кои во последниот натпревар од сезоната ќе влезат со заостаток од два поени зад Евертон кој е на 17. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

