Турскиот репрезентативец Арда Гулер, со голот против Грузија стана најмладиот играч кој постигнал гол на деби на Европските првенства.
Гулер со своите 19 години постигна прекрасен гол на натпреварот во Дортмунд, со кој донесе предност од 2-1 за својата селекција. Играчот на Реал Мадрид со тоа го симна Роналдо од врвот, кој го држеше овој рекорд од 2004 година.
За него ова беше прв настап за Турција на ЕП, и веднаш постигна гол. По мечот беше прогласен за играч на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА