Гулер заминува од Реал, неговиот следен клуб е големо изненадување

Арда Гулер е еден од иднината на Реал Мадрид. Турчинот кој пристигна во „кралскиот клуб“ во 2023 година беше најавуван како големо засилување за идните генерации на „кралевите“, но како одминува времето, тој повеќе е на клупата, отколку на теренот во дресот на најтрофејниот европски клуб по трофеи во ЛШ.

Затоа турскиот фудбалер наводно побарал да замине во друг клуб, каде што ќе добива поголема минутажа, за да го искаже својот талент.

Германските медиуми шпекулираат дека следна дестинација на Гулер ќе биде тимот на Ајнтрахт Франкфурт. Наводно тимот силно бил заинтересиран за услугите на Турчинот, и ќе стори се од себе да го доведе во своите редови на лето, и покрај интересот на Лајпциг, кој исто така е во трката за потписот на Гулер.

Се вчитува...