Легендарниот холандски фудбалер Руди Гулит, даде уште една контроверзна изјава и упати критики кон модерниот фудбал. Тој верува дека ваквата игра не им носи забава на гледачите.
Некогашниот фудбалер и тренер вели дека поради тоа прекинал да го гледа фудбалот.
„Решив да прекинам да гледам фудбал. Веќе не уживам во фудбалот. Го гледав мечот Арсенал – Челси. Какво ѓубре. Ги гледам играчите како се обидуваат да изведат корнер, сакаат да изведат перфектно аут. Фудбалот стана ужасен. Сакам да видам играч кои имаат желба да ги напаѓаат дефанзивците, како на пример Ламин Јамал. Ми недостасува тоа. Едноставно, не уживам во фудбалот. Секој само ги извршува задачите на теренот. Каде се играчите кои дриблаат? Зошто сите сакаат само да ја заобиколат топката и да додаваат, додаваат, додаваат…“, вели Гулит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

