Холандската Фудбалска Асоцијација во следните неколку дена и официјално ќе ги именува Дик Адвокат и Руд Гулит како нови предводници на националниот тим. Потрагата за наследник на Дени Блинд траеше подолго од еден месец, па иако се очекуваше камбек на Луј ван Гал сепак на крајот изборот падна врз искусниот Адвокат и Гулит како легенда на холандската репрезентација.
Оваа информација денеска ја потврди и самиот Гулит, обелоденувајќи дека преговорите се наоѓаат во завршна фаза, а тој ќе ја има улогата на „десна рака“ на искусниот стручњак.
„Договорени се речиси сите детали. Нема сомнеж дека ќе бидам дел од националниот тим, останува на Дик Адвокат да го потпише договорот за да почнеме со работа“ – изјави Гулит.
Пред новиот стручен штаб е сериозен предизвик да обезбеди пласман на СП во Русија. „Лалињата“ имаа серија слаби игри и резултати, што придонесе оваа селекција да падне на четвртото место во својата група, со шест бода заостанување зад водечката Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА