Илкај Гундоган е многу блиску до враќање назад во Манчестер Сити само една година откако германскиот ветеран го напушти овој клуб и се пресели во редовите на Барселона.
Тој веќе побарал од управата да му дозволи да си замине од „Камп Ноу“ по само една година мината во каталонскиот гигант, па иако тренерот Флик сака Гундоган да остане, фудбалерот инсистира летово да ги смени клупските бои. Тимови од Турција и од Саудиска Арабија му нудат богатство на искусниот играч за врска, но последните информации говорат дека тој веќе ги одбил сите овие понуди и инсистира на камбек во Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола веќе дал зелено за финализирање на преговорите и се очекува Сити до крајот на оваа седмица да најде заеднички јазик со Барса и да го врати Гундоган назад на „Етихад“. Жоан Лапорта не планира да го блокира овој транфер, свесен дека може да заработи на фудбалер што минатото лето притигна како слободен играч, а воедно и да отвори значаен дел во буџетот за плати (за да го регистрира Дани Олмо) ако се знае дека Гундоган е меѓу најплатените фудбалери на Барса, заедно со Де Јонг и со Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА