Барселона поведе по нецели шест минути игра на дербито со Реал Мадрид откако Илкај Гундоган одлично се снајде и ја искористи заспаноста на гостинските дефанзивци.
„Кралевите“ имаа премногу гледачи во одбраната по една топка во нивниот шеснаесетник, а упорниот Гундоган го искористи тоа, стигна прв до топката и крај Кепа ја смести во мрежата.
Гостите од Мадрид се уште се во шок,па Барса имаше одлична шанса и за втор гол, но ударот на Фермин заврши само во дирекот.
Водечкиот гол на Гундоган можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

