Манчестер Сити е освојувачот на овогодинешното издание на Лигата на Шампиони. Во големото финале одиграно во Истанбул „граѓаните“ славеа со 1-0 против Интер за испишување историја со прва европска титула.
Капитенот на Манчестер Сити, Икај Гундоган по натпреварот изјави дека неговиот тим имал среќа што изедначениот натпревар завршил во негова полза.
„Неверојатно. Тешко ми е да најдам зборови. Испишавме историја. Беше тешко за двете екипи. Не бевме на најдобро ниво во првото полувреме, но знаевме дека мораме да бидеме подобри во вториот дел. Натпреварот беше 50-50, имавме среќа што заврши добро за нас. Знаевме дека сите очекуваат тројна круна па бевме под притисок, но овој тим е направен за да може да се справи со притисокот на најдобар начин“, вели Гундоган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

