Германската репрезентација во иднина останува без еден од играчите во средниот ред, Илкај Гундоган. Фудбалерот на Барселона се одлучи да се прости од дресот на Германија.
Тој одигра 82 меча за Германија, а беше капитен на селекцијата на последното ЕВРО 2024 година, каде Германија како домаќин стигна само до 1/4 финалето и беше елиминирана од Шпанија.
„И дефинитивно ќе продолжам да бидам фан на германската репрезентација и посакувам да дојде до титулата на идниот Мундијал во 2026 година. Имаме одличен терен, многу добар тим и силна хемија. Благодарност до сите тренери и соиграчи кои беа со мене во ова извонредно „патување“, посочи Гундоган.
Liebes Fußballdeutschland,
nach einigen Wochen Bedenkzeit bin ich zu dem Entschluss gekommen, dass es an der Zeit ist, meine Nationalmannschaftskarriere zu beenden.
Ich blicke mit sehr viel Stolz auf 82 Länderspiele für mein Heimatland zurück – eine Zahl, die ich mir so hätte… pic.twitter.com/IsU4iYCxq0
— Ilkay Gündogan (@IlkayGuendogan) August 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА