Гундоган се врати на теренот по осум месеци пауза

Играчот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган, се врати на фудбалските терени по пауза од осум месеци поради повреда на лигаментите на коленото. Тој настапи на пријателскиот меч за „граѓаните“ против шпанскиот второлигаш Џирона, менувајќи го младиот Фил Фиден. Гундоган допрва ќе треба добро да се подготви за да се врати комплетно во натпреварувачки ритам и да може да конкурира за составот на Пеп Гвардиола.

Тој се повреди во декември минатата година, откако претходното лето пристигна на „Етихад“ од германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд.

 

Се вчитува...