Гундоган шокиран: Немаме објаснување, не се губат натпревари на ваков начин…

Илкај Гундоган беше стрелец на единствениот погодок за Германија на синоќешниот дуел, но и тоа се покажа недоволно за поранешните светски прваци да останат непоразени на дуелот со Македонија.

Очекувано, и асот на Манчестер Сити како и сите останати германски фудбалери беше шокиран од конечниот исход на мечот во Дуисбург.

„На сите ни е јасно дека не смееме да губиме натпревари на ваков начин. Примените голови, нашите реакции во тие ситуации беа очајни, двапати да оставиме сам фудбалер на пет метри од нашиот гол… Ова е далеку од она што го очекуваме од себе, што сите го очекуваат од нас. Немаме објаснување, единствена работа што е јасна е дека мораме да се вратиме во топ-форма до крајот на месец мај“, изјави Гундоган, кому му е јасно дека со вакви изданија на Германија не и се пишува ништо добро на претстојниот европски шампионат.

Се вчитува...