Илкај Гундоган донесена дефинитивна одлука околу својата иднина, прифаќајќи ја понудата на Барселона за преселба на „Камп Ноу“ по истекот на договорот што германскиот играч за врска го имаше со Манчестер Сити. Пеп Гвардиола не криеше дека сака да го задржи Гундоган во Сити, но Германецот инсистираше на нов предизвик пред крајот на кариерата, во преден план ставајќи ја Барселона.
Каталонците долго време беа фокусирани само на враќање на Лео Меси, но откако не успеаја во намерата вниманието сега го насочија кон останатите желби на тренерот Чави. Еден од приоритетите беше токму Гундоган, кој треба да биде големо засилување за средниот ред и со своето искуство да им помогне на младите Педри и Чави.
Делегација на Барселона вчера отпатува за Германија, а според последните информации бил постигнат целосен договор за тригодишна соработка со екс-фудбалерот на Манчестер Сити. Се чека само зелено светло од Ла Лига за регистрација на договорот, за трансферот да биде комплетиран и Гундоган да допатува во Барселона на лекарски прегледи и потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

